ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  Бебе и дете во иста соба: Практични совети за ноќ без будење
    Бебе и дете во иста соба: Практични совети за ноќ без будење

    Бебе и дете во иста соба: Практични совети за ноќ без будење

    Родителите постојано внимаваат на тоа ништо да не смета на сонот на нивните деца. Сето тоа може да биде многу тешко доколку имате едно постари дете и бебе кои треба да спијат во една соба. Но, постојат неколку работи кои може да ги пробате за да не би дошло до вознемирување на вашето деца.

    Имате мал стан и децата се принудени да ја делат собата? Ова не би звучело лошо доколку децата се малку постари, но доколку имате мало бебе кое се буди ноќе и плаче и дете од 2, 3 или 4 години, тешко дека би успеало.

    babyshop, babyshopmk

    Секако постои решение за овој проблем. Samer Hartman, е сертифициран специјалист за нега на новороденчиња кој предлага неколку корисни совети кои може да помогнат.

    Потполен мрак во собата на вашите деца.

    Во текот на ноќта пробајте да не користите никакво светло во собата на вашите деца. Доколку немате лампа да свети, тоа ќе му помогне на постарото дете побрзо да заспие. Доколку сепак светлото ви е потребно, бидејќи вашето бебе треба да цица, или пак се буди, вам ви е потребно осветлување за да може да стигнете до него, затоа е добро да го оставите светлото уклучено во предсобјето.

    Кога станува збор за попладневна дремка, затемнете ја собата со завеси или ролетни.

    Направете план за успивање на децата кој ќе биде соодветен на навиките на вашите деца.
    Samer советува прво да го успиете бебето па потоа постарото дете, или ако имате проблеми со успивање на постарото дете, во тој случај е подобро прво да се погрижите за поголемото дете а потоа за бебето.

    Секојдневното заспивањето е најдобро да биде секој ден во исто време. Ако на пример времето на заспивање е во 8 часор навечер, прво заспијте го постарото дете, а по 30 минути бебето. Во зависност од тоа кое е попроблематично за заспивање.
    Воспоставите рутина за пред спиење за секое дете поединечно

    На пример:

    За постарото дете: бањање, читање, менување пелена па во кревет
    За бебето бањање, масажа, доење, менување пелена па во кревет.

    Секое од децата е добро да има свој дел во собата

    Иако спијат во иста соба, пробајте да направите простор кој ќе биде соодветен за секое дете поединечно. На пример околу креветот на бебето можете да ставите некоја убава завеса или да издвоите дел од собата кој ќе биде само за постарото дете.

    Бидете трпеливи

    На бебето му е потребно само три дена да прифати некоја навика која ќе му ја наметнете, додека на постарото дете кое е од 1 до 3 години околку три недели. Тоа е голема разлика, затоа бидете трпеливи и упорни.