Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Бронхопулмонална дисплазија (БПД)

Бронхопулмонална дисплазија (БПД)

БПД е хронично белодробно заболување кое се среќава кај недоносените бебиња кои подолго време биле под кислородна терапија и механичка вентилација. Најмалку 20% од бебињата што биле на механичка вентилација ја имаат оваа дијагноза. По најновите истражувања, дијагнозата треба да се дава автоматски на секое бебе кое било подолг период интубирано.

Бројот на бебиња со оваа дијагноза се најмногу од групата на новороденчиња родени под 30 г.с и родилна тежина под 1500гр. А бебињата родени со екстремно мала тежина, 500-700 гр.имаат 85% повеќе ризик да ја имаат оваа болест.

 

Ризик фактори: 

- тт под 1500 гр;

- тежок ресипираторен дистрес синдром придружен со агресивна кислородна терапија и механичка вентилација;

- висок степен на белодробна незрелост, инфекции, дефицит на вит.А и вит.Е, кислородна токсичност итн.

 

Симптоми на БПД:

 - чести бронхиолити;

 - чести бронхопневонии;

 - хоспитализации;

 

Дијагнозата се определува според историјата на болести, рентген снимки, клиничката слика на бебето.

Децата со БПД до 2 годишна возраст боледуваат од тешки бронхопневмонии и бронхиолити проследени со белодробна опструкција. Истражувањата покажале дека децата со БПД имаат бронхиална хиперактивност, симптоми на бронхиална астма, и тешко пребродување на респираторните вируси (РСВ)

 

Терапијата вклучува долгорочен внес на кортикостероиди, бронходилататори, диуретици, чести антибиотски терапии.

Превземено:Предвремено родени деца

Оставете коментар
Close