Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Чудо од дете: Приказна за еден деветгодишник кој се спрема да дипломира

Чудо од дете: Приказна за еден деветгодишник кој се спрема да дипломира

“Планирам да започнам докторски студии и да изучувам медицина”, изјавува талентираниот Лорен, чиј најголем идол е Никола Тесла.

Деветгодишното момче од Белгија се спрема да дипломира во декември, а после тоа, ќе изучува медицина.

Докторските студии сепак нема да ги започне додека добро не се одмори.

Идол му е Никола Тесла и би сакал во својата лабараторија да создаде вештачки органи, а потоа и цело човечко тело.

Додека го гали своето куче, Лорен Симонс изгледа како и секој друг деветгодишник, пишува “Vashington post”.

Meѓутоа, тогаш започнува да опишува како неговата работа на Универзитетот во Холандија подразбира развој на компјутерско коло кое ќе реплицира дел од мозокот.

“Пробуваме да ги поврземе неуроните за да можеме да ги пратиме реакциите на лек во одреден дел од мозокот”, кажува Лорен, објаснувајќи го проектот во кој се комбинираат сознанијата од биомедицината и електротехниката.

Белгиското чудо од дете на пат е да стане најмладата личност во светот која ќе заврши факултет. Тоа ќе се случи ако Лорен следниот месец  положи се што е неопходно за завршување на електротехничкиот отсек на Универзитетот во Ајндховен.

“Планирам да започнам докторски студии и да проучувам медицина. Но пред тоа ми е потребен одмор”, открива тој.

Лорен е роден во Белгија, но живее во Холандија. Средното училиште го завршил за една година, а тригодишните студии, ако се оди според планот, ќе ги заврши за само девет месеци.

Кога не е на факултет, Лорен го шета кучето, игра видео игри и објавува фотографии на Инстаграм.

Инспириран од Никола Тесла, момчето планира да го истражи полето на вештачките органи и можноста за развивање на цело вештачко тело во својата лабараторија.

“Моите дедо и баба патат од срцеви заболувања” ја објаснува својата одлука малиот Лорен.

Оставете коментар
Close