Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Како да ги негувате градите за време на доењето

Како да ги негувате градите за време на доењето

Спречете ги непосакуваните последици од хормоналните промени, како што се болките, чешањето и појавата на стрии на градите.

Од самото зачнување па се до престанувањето со доење, градите константно се менуваат. Сепак, постојат едноставни начини за мајките да си го олеснат овој период. Еве неколку совети...

Набавете градник кој ви одговара

Во периодот на доење многу е важно да одберете памучен градник кој не ги стега градите, а нуди стабилна потпора. Моделите со корпи не се добар избор затоа што може да предизвикаат нелагодност, но и да направат проблем при доењето, односно при производството на млеко. Исто така, градниците за доење се удобни, па можете да спиете во нив доколку градите ви се болни во текот на ноќта.

Внимателно одберете крема против стрии

При изборот на препарати за нега на кожата во бременоста и после породувањето, предност им се дава на средствата кои содржат природна подлога – етерични масла и билни екстракти. Добри се невен, камилица, алое, бадемово масло, авокадо, и.т.н.

Избегнувајте препарати веднаш по породувањето

Непосредно после породувањето, на градите не треба да нанесувате никакви креми, ниту масла. Подоцна кога бебето ќе научи да цица, можат да се користат проверени средства за нега. Вештачките состојки ги запушуваат порите и не ја хранат кожата, која со самото тоа станува подложна на стрии.

Водете грижа околу исхраната

Како би спречиле појава на стрии важно е и правилно да се храните. Треба да пиете многу течности и да јадете овошје и зеленчук, односно намирници кои содржат витамини Е и Ц, но и оние кои содржат протеини.

Ограничете го внесувањето на сол, како би се намалило задржувањето на вода во телото, а со самото тоа и отекувањето на градите.

Припремете ладни облоги

Доколку градите ви се врели и болни, ставете ладна облога. Обично помага разладен лист од зелка ставен во фрижидер или замрзнувач. Откако доволно ќе се олади, откинете поголем лист и ставете го во градникот. Исто така, топлата купка може да ја ублажи отеченоста на градите.

 

Оставете коментар
Close