Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Како да му помогнеме на детето при враќање на храната (бљуцкање)?

Како да му помогнеме на детето при враќање на храната (бљуцкање)?

За да се намали враќањето на храната потребно е правилно хранење на детето. Пожелно е почесто хранење за да не дојде до оптеретување на детскиот желудник и избегнување на хранење при кое бебето голта многу воздух. Доењето “златниот стандарт на хранење” е најдобра превенција против бљуцкање и докажано е дека доените бебиња помалку ја враќаат храната.

Во тек на хранењето треба бебето да го подигнете да подригне 4 до 5 пати. Детето е потребно да се храни во поисправена положба, а кај промена на положбата тоа да биде што повнимателно и понежно затоа што брзите и нагли движења можат да го вознемират желудникот и да доведат до бљуцкање.

По хранењето потребно е детето да се држи во исправена положба за да подригне, а по подригнувањето истото треба да се стави да легне на страна. Ако детето го храните од шише, внимавајте отворот на цуцлата да не биде премал затоа што поради напрегање бебето може да проголта поголема количина на воздух.

Кај децата кои се хранат со формула се советува примена на посебно адаптирани формули наменети за такви состојби.

Иако родителите знаат да бидат исцрпени и загрижени, потребно е големо трпение и нежност во постапките со детето затоа што тоа е само моментална фаза во развојот и растењето.

Оставете коментар
Close