Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Како мајчинството го менува животот

Како мајчинството го менува животот

Среќна и уморна

Ги сакаме, ги љубиме уште пред да ги видиме, зборуваме со нив додека се во стомакот – а после породувањето сфаќаме колку всушност нашето бебе ни значи.

После ролеркостерот на хормоните и опоравувањето од породувањето мајките сфаќаат што е тоа што нив всушност им се случило. Одговорноста која ја имаат ги надминува сите досегашни, а бебето станува центарот на светот. Ниту една дотогашна ситуација не може да се мери со оваа. Едно мало суштество во потполност е зависно од вас, уште ако сте со бебето сами во текот на целиот ден, притисокот кој го чувствувате станува огромен.

Мајките кои родиле по прв пат, сега веќе не се одговорни само за себе, па дури и самите се ставаат во втор план. Бебето станува нивната главна задача. Да се нахрани, да се преслече, да се избања – звучи едноставно. Сепак не е баш така, затоа што тие обврски помешани со плачот и стресот околу хранењето на бебето може да бидат немерливи.

Сепак, друго сознание до кое мајките доаѓаат се случува главно кога за прв пат ќе се разболат. Сите тие обврски околу бебето и нивната настинка можат да бидат многу тежок сплет на околности. Во тој момент младата мајка по прв пат ја сфаќа својата важност. Мајката е важна, а особено кога е здрава, наспана и насмеана. Во тој момент мајката ја сфаќа својата важност, но и важноста за грижата за себе – затоа што среќна и задоволна мајка е добра мајка.

Детето ќе биде приоритет и тоа секогаш ќе биде така, но за да се исполнат приоритетите мајката мора да биде своја, силна, стабилна, односно должна е себеси да си обезбеди среќа и задоволство.

Заморот и бебето одат рамо до рамо, пиењето на ладно кафе станува секојдневност. И да, на мајките им е многу тешко, и да, тие се нанеспиени но се трудат се да постигнат. Она што е сигурно е тоа дека тие се најсреќните личности на светот.

И како што вели една мајка “мојот живот со бебето е исцрпувачки но во исто време исполнет со љубов и смисол. А штотуку започнав!”.

Оставете коментар
Close