Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Мали занимливости за доењето

Мали занимливости за доењето

Знаете ли каков е вкусот на мајчиното млеко и колку калории троши доењето?

Пронајдовме десет занимливости за мајчиното млеко.

1.Произведувањето на мајчиното млеко троши 25% од енергијата на телото. За споредба, мозокот троши 20% од енергијата.

2.Мајчиното млеко им помага на жените во губење на килограмите, односно во враќање на килограмите пред бременоста. Со производство на мајчино млеко телото троши околу 600 до 1000 калории секој ден.

3.Составот на млекото се менува со растењето на бебето. На почетокот е со поинаква боја и воденеста текстура, а при крајот на доењето е погусто и со многу масти, односно калории потребни за раст и развој на детето.

4.На секого би му досадило од ден во ден да јаде иста храна. Но мајчиното млеко нема секогаш ист вкус. Тој се менува во зависност од тоа што мајката јадела. На овој начин бебето се спрема за вкусовите на цврстата храна која наскоро ќе почне да ја јаде.

5.Млекото не излегува само од една дупка. Секоја брадавица има неколку минијатурни отвори кои испуштаат млеко, а бројот варира од жена до жена.

6.Бебето пие околу 65% од млекото од дојката по оброк, затоа што јаде додека не се засити, а не додека не го исцица целото млеко.

7.Дојките не се со иста големина, тоа е добро познат факт. Но дали сте знаеле дека 75% од жените произведуваат повеќе млеко во десната дојка, која се смета за доминантна? Овој податок не е поврзан со тоа дали жената е деснорака или леворака.

8.Мајчиното млеко содржи хормон за сон – мелатонин, кој го приспива бебето. Една студија покажа дека тромесечните бебиња кои се хранат исклучиво со мајчино млеко спијат 45 минути подолго од останатите бебиња.

9.Мајчиното млеко е уникатно како отисокот од прстите – не постојат два исти примерoци. Од мајката и нејзината исхрана зависи изгледот, квалитетот и вкусот на нејзиното млеко.

10.Од мајчиното млеко може да се направи дури и кашкавал. Њујоршкиот кувар Ричард Адамс од млекото на својата сопруга направил кашкавал и го послужил во својот ресторан. Рекол дека има суптилен вкус со слатки ноти и дека има мека конзистенција како panna cotte.

Оставете коментар
Close