Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Најважните витамини и минерали потребни во бременоста

Најважните витамини и минерали потребни во бременоста

Витамините и минералите се многу важни за здравата бременост и породувањето. Немојте да го ризикувате своето здравје и здравјето на вашето бебе.

Во бременоста потребно е да се води грижа за квалитетна исхрана. Квалитетната и разновидна исхрана и доволното внесување на минерали и витамини придонесува за здрава бременост и за подобар развој на детето. Потребно е да се внимава на потеклото и на правилниот избор на храната која ја конзумираат бремените жени. Причина се разните заразни болести кои се пренесуваат со храната, а може да направат сериозни проблеми кај мајката или кај плодот со  неконтролирано внесување  на пестициди и други хемиски соединенија кои се користат повеќе во модерното одгледување и обработка на храната. Важно е да се прифати дека во бременоста не е потребно количински да се јаде за двајца, само делумно треба да се зголемат оброците. Многу попаметно е да се поделат на помали а почести оброци.

Свежото овошје и зеленчук, риба, месо, млечни производи, овошни напивки би требало да бидат во секојдневното мени на бремената жена. Со тоа се внесува доволна количина енергија, минерали, витамини и се овозможува добра бременост и правилен развој на детето. Нормалното зголемување на бремената жена во текот на бременоста е 11-16 кг.

НАЈВАЖНИ ВИТАМИНИ И МИНЕРАЛИ ЗА БРЕМЕНИТЕ ЖЕНИ

Фолна киселина-фолат (витамин B 9)

Ја има во зеленчукот, цитронското овошје, гравот, сојата, брокулата... се наоѓа во природен облик, така наречена фолатина. Синтетичкиот облик на фолната киселина служи за збогатување на храната и се додава во оризот, тестенините, лебот и другите производи од житарки. Потребна дневна количина е 400 mcg.

Витамин B12

Витаминот B12 се наоѓа во месото, рибата, јајцата, месните преработки, млечните производи. Дневната доза во бременост е 2,6 mcg.

Витамин C

Аскорбинска киселина, односно витамин C се наоѓа во агрумините (лимон, портокал, грејпфрут, киви...), но и во зеленчукот со лисја, па и во компирот. Потребна дневна доза е 85 mg и и најдобро е земање свежо овошје и зеленчук, затоа што со термичката обработка се разградува. Не треба да се претерува, затоа што дневниот внес над 1800 mg доведува до тегоби во желудникот.

Витамин D

Сончев витамин  кој го помага во разложувањето на калциумот во коските а се наоѓа во црвеното месо, јајцата и рибата. Изложувањето на сончеви зрацидоведува до зголемена синтеза на витаминот D на нашата кожа, затоа во текот на летото некогаш е сосема доволно ако се создадат 10mcg колку што е потребно за да се задоволи дневната доза. Храната е многу често збогатена со витаминD, на пример млекото. Витаминот D го наоѓаме во D2 и D3 облик, D3 е за 25% поискористен облик.

Витамин А

Витамин кој е прв откриен, но се смета дека е важен само за растењето. Меѓутоа, неговото основно влијание е квалитетен вид и развивање на кожата, нашиот најголем орган, како и развојот на детето. Извори на овој витамин се: морков, диња, брокула, кајсија, животински џигер, млеко и млечни производи. Дневната доза во бременост е 750mcg, а дозата поголема од 10 000 mcg е тератогена (доведува до деформации во развојот). Поради тоа во бременоста треба да го намалите конзумирањето на животинскиот џигер кој е главен извор на витаминот А.

Омега-3

Омега 3 масните киселини се внесуваат во организмот само преку храната затоа што организмот неможе сам да ги произведува.

Дневната доза над 5000 mcg e токсична и може да предизвика згрутчување на крвта, најдобро е да се зама околу 300mcg. Извор на овие масни киселини првенствено е рибата, но и чиа семето, оревите...

Оставете коментар
Close