ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Актуелно   >  Подароци за празниците
    Подароци за празниците

    Подароци за празниците

    Што да се подари на бебињата во семејството и на бебињата на вашите пријатели?

    Спомените на првиот Божиќ со вашето дете е нешто што на секој родител му останува во најубавите сеќавања. Ако сте во ситуација, некој во вашето семејство или од пријателите да добил принова, а Божиќ е пред врата, ќе се запрашате што да му купите на тоа мало суштество.

    Класични детски играчки: Децата никогаш немаат премногу играчки. Купете тропалка, музичка играчка, гумени шарени кругови или нешто слично. Добра идеа се ЦД со музика или приказни за деца. Овие играчки никогаш не излегуваат од мода.

    Пелени и разни други секојденевни потреби:

    Прашајте го секој нов родител на што највеќе троши пари и скоро секој ќе ви каже дека тоа се пелени. Овој Божиќ може да се одлучите за практични подароци кои ќе им го олеснат животот на родителите. Тоа може да бидат пелени, прибор за јадење, кадичка, нокшир, пакет со детски производи за нега на детето…

    Едукативни играчки:

    Денес постои широк спектар на играчки и помошни средства кои од најрана возраст помагаат во развивање на потенцијалот на детето – разни мобилни играчки со светлечки и музички ефекти…

    Касичка за штедење:

    Касичката за штедење може да биде и нешто повеќе од место каде се чуваат ситни парички. Ако на касичката рачно нацртате нешто убаво, родителите на детето а и самото дете многу ќе го цени тој подарок. Кога детето малку ќе порасне, касичката ќе биде средство како да го научите да ги штеди и чува парите.

    Книга:

    Книгата секогаш е добра идеа. За малите деца постои голем избор на меки книги, гумени книги, но никогаш не е прерано да подарите книга која во иднина ќе биде дел од библиотеката.

    Иновативни подароци:

    Добро е да размислите за тоа што сакаат родителите – дали таткото гледа фудбал – ако е така купете му на неговото синче дрес од омилениот клуб, сака ли мајката балет  -купете балетски костим за малата прицеза или нешто слично…