Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Помогнете му на бебето при излегување на забите

Помогнете му на бебето при излегување на забите

Бебињата најчесто ги добиваат првите запчиња помеѓу четвртиот и осмиот месец, но има случаи и кога запчиња не излегуваат ни до првата година. Бројот на бебињата кои се раѓаат со запче или оние на кои им излегуваат забите во текот на првите четири месеци е многу мал.

Како што не може да се знае кога ќе изникнат запчињата, така не може да знаете ни колку ќе ги боли и како ќе го поднесат тоа. Понекогаш кај бебињата и неколку недели однапред се гледа дека им расте заб, затоа што на тоа место се јавува црвенило и малку набрекнува, додека кај други деца нема никакви знаци и затоа не се гледа ништо додека не изникне запчето.

Растењето на запчињата на бебето сигурно е поврзано и со генетиката, затоа ако на вас или на таткото на детето ви израснале забите подоцна, големи се шансите дека тоа може да се случи и со вашето бебе и обратно.

Севкупно на вашето бебе до четири години ќе му израснат 20 запчиња, но најчесто децата до третата година ги имаат сите запчиња.

Кои се симптомите за излегување на првите заби?

Повеќе од симптомите кои ќе ви ги опишеме најчесто се поврзуваат со растењето на првите заби, ако не сте сигурни посоветувајте се со педијатар. Истите симптоми може да се појават и поради други причини.

Иритација: кога запчињата ќе почнат да излегуваат на површината стануваат поостри, па поради тоа непцата на бебето најчесто се воспалени и осетливи, па бебињата реагираат  со плачење или раздразнетост. Таков тип на болка се јавува при излегување на првите запчиња или додека растат секутците, затоа што се поголеми од забите кои дотогаш израснале. Раздразливоста може да биде поврзана и со чувството за првите заби, на кои бебето не е навикнато и учи да живее со нив.

Лигавење: на три или четири месеци бебето почнува да се лигави повеќе од нормално. Кај некои бебиња тоа лигавење ќе биде поголемо а кај некои помало.

Кашлање:преголемото лигавење може да предизвика повремено кашлање и крчење. Но не треба да се грижите поради тоа, ако се друго со бебето е во ред и ако тоа не покажува други знаци дека е настинато/болно.

Осипување на брадата: ако вашето бебе многу се лигави, контактот на плунката со брадата може да предизвика иритација. Ако се појави таков осип, пробајте бебето да го бришете со мека газа или крпа за да не ја иритирате кожата уште повеќе. Правете го тоа почесто и неколку пати на ден намачкајте го бебето со крема која ќе ја смири иритацијата.

Каснувања: бебето на кое му растат заби го става секој предмет во уста. Со притискање/каснување на предметот го намалува притисокот кој се прави во непцата. Купете во продавница играчки кои се наменети токму за гризење и редовно мијте ги.

Триење на образите и повлекување на ушите: болката и чешањето на непцата може да го натера детето да се гребе и да ги трие образите, или да го влече и трие увото, затоа што често болката се пренесува. Морате да бидете претпазливи  и да не ги занемарите овие симптоми, затоа што децата често го тријат и го влечат увото  и кога имаат воспаление на уво.

Ретка столица или дијареа: излегувањето на забите делува и на психата на бебето па може да се случи да добие и ретка столица или дијареа. Некои тоа го врзуваат и со голтање на голема количина на плунка  која ја разредува столицата. Сепак, проливот не треба да биде многу јак. За совет консултирајте се со педијатар.

Зголемена температура: малку зголемената температура може да биде еден од знаците за излегување на забите. Некои родители и педијатри ќе се сложат околу овој факт, некои не. На вас е да процените и евентуално да се посоветувате со педијатар ако бебето има малку покачена температура повеќе од два дена.

Лош сон: поради болката која бебето може да ја чувствува  во текот на денот и ноќта, потешко може да заспие и да го одржува сонот, па будењето е нормално.

Симптоми на настинка: кога излегуваат забите кај некои деца може да се појават и симптоми на настинка, како што е течење на носот и слично, но тоа може да биде поврзано и со вистинска настинка затоа што бебињата повеќе ги држат рацете во уста, што ја зголемува можноста на внесување на бактерии.

Како да му помогнете на бебето

Гумените играчки кои се наменети за бебињата за гризење додека им излегуваат забите можете да ги разладите во фрижидер. На некои бебеиња ладното чувство во устата им одговара, особено ако забното месо им е воспалено. Грицкањето на прстите на мајката и таткото исто така може да донесат олеснување и утеха, но немојте да заборавите пред тоа да ги измиете рацете.

Напивките или водата која му ја давате на бебето може да бидат ладни. На бебето ќе му требаат и повеќе течности доколку многу се лигави. Од напивките на бебето ќе му помогнат и разладена кашичка, јогурт, замрзнат морков или нешто слично.

За против воспалителниот процес на непцата можете да користите и чај од жалфија, кој е навистина најдобар природен лек. Постои уште еден интересен лек, а тоа е масажа на прстите на нозете на бебето каде што се наоѓаат рефлексните зони на забите.

Ако ништо не помага, посоветувајте се со педијатар за таблетите против болка (acetaminophen). Во аптеките има и други лекови со кои може да го намачкате непцето на бебето за да му ја намалите болката.

Оставете коментар
Close