Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Поттикнете го детето да се грижи за куќниот миленик

Поттикнете го детето да се грижи за куќниот миленик

Мазење, шетање, хранење, сето тоа можете пополека да му го препуштите на детето.

Често миленчињата се токму желба на децата. Затоа е многу важно уште од првите денови децата да научат дека куќното милениче е нешто за кое сите во семејството треба да се грижат.

Најчесто грижата за миленичето е оставена на родителите. За да го избегнете тоа, многу е важно на детето да му препуштите дел од грижата.

Помош околу хранењето

Бидете со детето кога ќе почне да го храни миленичето, објаснете му колку храна е потребно и дека не е пожелно да го вознемирува миленичето додека јаде.

Хранењето со сува храна детето може да го совлада веќе и пред навршувањето на втората година. Со давањето на конзерви сепак е потребно малку да почекате. Кога детето ќе стане малку постабилно дозволете да му дава и вода на миленичето.

Мазење

Секое милениче ужива кога ќе му се посвети внимание. Поттикнете го своето дете на мазење со миленичето. Ако детето е помало, предупредете го дека не смее да биде грубо со миленичето за да не го повреди.

Капење

Ако имате милениче кое сака да се капе, допуштете му на детето да ужива во триењето со пења, поливањето со вода и сушењето на миленичето. Исто така, детето може да го четка со специјална четка миленичето затоа што тоа е многу едноставно, а сите миленичиња уживаат во тоа.

Шетање

Ако се работи за милениче кое треба да се шета, особено ако е помало, допуштете му на детето заедно со вас тоа да го води миленичето на прошетката. Ќе се чувствува важно, а кога малку ќе порасне ќе може да ја превземе оваа обврска.

 

Оставете коментар
Close