Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Празнична традиција: Оваа болница веќе 50 години ги “испорачува” бебињата во божиќни чорапи

Празнична традиција: Оваа болница веќе 50 години ги “испорачува” бебињата во божиќни чорапи

Повеќе од пет децении, една болница во Тексас бебињата родени во декември ги “пакува” во посебни пакетчиња. Преслатко, зарем не?!

Методистичката детска болница во Сан Антонио има прекрасна празнична традиција долга веќе 50 години – ги испорачува новороденчињата дома во божиќни чорапи.

За овие пакетчиња да изгледаат потполно неодоливо, на бебињата им се ставаат и празнични капи, кои како и чорапите се дел од волонтерската група на оваа болница, со назив Bluebirds. Покрај тоа, овие хумани луѓе несебично му помагаат и на персоналот и на малите пациенти во текот на целата година.

Следејќи го нивниот пример, многу болници денес исто така на овој начин ги развеселуваат родителите кои добиваат деца во декември.

Оставете коментар
Close