Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Пребирливи деца и како да им се помогне

Пребирливи деца и како да им се помогне

Пребирливоста е многу честа појава во  предучилишната возраст. Тогаш децата го развиваат чувството кон одредени производи, што е многу турбулентен процес, со самото тоа што омилената храна на детето што ќе ја изеде во текот на денот веќе следниот ден завршува на подот. Како да се преброди овој период, ќе пробаме да ви објасниме во овој текст:

1.Семеен контекст-трудете се што повеќе оброци да бидат во облик на традиционален семеен ручек, каде што оброкот е послужен и не се спрема посебна храна за детето (секако во оброкот вклучете некој производ кој детето го сака).

2.Ако детето одбива да јаде, можеби сепак не е гладно, затоа казнувањето и кавгите поради јадење може само да му направат поголема аверзија кон храната.

3.Избегнувајте подмитување-условување “ако го изедеш...ќе добиеш колаче” доведува до тоа  колачите да му изгледаат попривлечно, а редовниот оброк како непријатна задача.

4.Не се откажувајте!-давајте му на детето нова храна но и таа која не му се допаѓала, некогаш е потребно повеќе од 10 пробувања за осетот на вкус да прифати некој производ.

5.Рутина-планирајте оброците да бидат секогаш во исто време за да ја зголемите веројатноста детето да биде навистина гладно (па така и новите производи ќе добијат шанса да бидат испробани).

6.Разновидност-овозможете му на детето да проба храна со различни вкусови, мириси и облици (ограничете ја новата храна на мали порции и почекајте барем 2 недели пред повторно да му го дадете истиот производ).

7.Вклучете го детето во планирање и припремање на оброците-дозволете му да го избере овошјето или зеленчукот кои ќе ги јаде за вечера, дајте му можност да ви помогне во подготовката, секако со ваш надзор.

8.“Мостови храна”- кога детето ќе прифати некој производ, воведувајте му нови кои се слични по боја, облик, текстура...

9.Спарување-пробајте да ги комбинирате производите кои на вкус не му се допаднале од прва (кисело, горчливо) со производи со “популарен” вкус (благо, солено), на пример таква комбинација е брокулата со сирењето.

Оставете коментар
Close