ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Актуелно   >  Пушење во текот на доењето
    Пушење во текот на доењето

    Пушење во текот на доењето

    За жал се случува жените кои пушат во текот на бременоста таа лоша навика да ја задржат и после породувањето што доведува до понатамошни последици за детето. Веќе е кажано дека со пушењето особено во поголеми количини се доведува до смалување на млекото. Кај некои деца може да предизвика слабост, повраќање, стомачни болки, пролив. Важно е да се нагласи дека пушењето не е причина  за да се престане со доење, доењето треба да биде причина за да се престане со пушење.

    Мајките кои дојат и сакаат да престанат со пушење можат да си помогнат со употребување на никотински филтер.  Универзитетскиот професор Tomas W. Hale смета дека кај жените кои пушат 20 цигари дневно, количината на никотинот во крвта е 44 ng/ml, а ако употребуваат никотински фластери 17 ng/ml. Кај употребувањето на фластери треба строго да се придржува кон упатствата за апстиненција од пушење, затоа што количината на никотинот во крвта тогаш може многу да се зголеми. Навечер треба да се извадат за да се намали ноќната концентрација. Никотинските мастики не се добри за мајките кои дојат, затоа што нивото на никотинот во крвта и млекото од нив станува значително поголемо.