Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Седење, стоење и одење – треба ли да се поттикнуваат бебињата на овие вештини

Седење, стоење и одење – треба ли да се поттикнуваат бебињата на овие вештини

Ве интересира како да го поттикнете детето во неговото напредување и дали треба да го ставате во седеча положба, да го држите да стои или да го поттикнувате да оди?

Па да ја разрешиме таа мистерија. Не морате ништо од тоа да правите, затоа што природата замислила дека децата тоа сами треба да го прават кога ќе дојде време за таа активност. Ако се вплеткате во тој процес, може на детето да му направите повеќе штета отколку корист.

Немојте детето да го ставате во седечка положба, во посебна столица, на перници, џампери и слични помагала затоа што со тоа го нарушувате природниот развој на детските колкови, карлицата и мускулите кои самите мораат да се вежбаат и да зајакнат за такви вештини.

Немојте од истата причина да го ставате детето да стои или да го држите да оди, ако тоа не го прави само, подигнувајќи се со помош на мебелот или со ваша помош.

Ќебенце или гумени делови на подот

Подот е идеално место за мало бебе уште од првиот ден. Подот секогаш може да го покриете со ќебенце за да спречите на бебето да му биде ладно. Со тоа уште од првиот ден ќе придонесете да се ослободат грбот, карлицата и колковите, а детето да ги испроба движењата на целото тело, да се ниша и да вежба. Детето во положба на грб или на стомак (во која често ќе го ставате) ќе научи да ја подигнува главата, а потоа ќе ја искористи за да се сврти на стомак и обратно веќе за неколку месеци.

Детето нека има рамна положба и во количката и во креветчето. На подот доволно е да има неколку ќебенца, на пример едно во дневна, едно во бањата и едно во кујната. Така секогаш детето ќе ви биде пред очи, а тоа може на рамно да истражува, да ги зема играчките и да прави се што е потребно за неговиот развој.

Дополнителни помагала - зошто не?

Релаксатор - детето седи во полуседечка положба што прави поголем притисок на неговите колкчиња кои не се спремни за истата. Карлицата може да се свитка на едната страна поради косината (ако е помало детето свиткувањето е поголемо), нозете се пасивни и не ги подигнува со целата своја сила нагоре. Детето е фиксирано во таква справа и не може да се превртува. Естетски проблем може да биде и рамното главче кое многу родители пробуваат да го избегнат.

Џампер (висечки) - ова помагало ретко може да се види, но ако дојдете во прилика да го користите, немојте, затоа што од него нема никаква корист, единствено лош ефект. Детето се става во висечка седалка која е прикачена на еластична лента и со нозете го допира подот. Тоа што не е добро кај ова помагало е тоа што нозете на детето висат доле а тоа не е добро за колковите  на кои паѓа притисокот на целото тело додека детето скока горе - доле. Покрај тоа го допира подот со врвовите на прстите и како кај балерината стапалата стојат во крива положба што не е добро за развивање на одењето.

Одалка (дубак) - детето се движи во мала седалка на тркалца која има еднакви мани како и другите. Таа дополнително е опасна затоа што детето може да се залета и да се удри во мебелот, да си ги повреди прстите, да се преврти, да се залета по скалите...

 

Оставете коментар
Close