Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Шест причини за плачење кај бебето

Шест причини за плачење кај бебето

Често младите мајки се преплашени и изгубени затоа што нвното бебе стално плаче. Сепак, немојте да кревате паника - и најмирното бебе плаче барем еден час во текот на денот и така ги вежба своите бели дробови. Еве неколку препораки како да се справите со плачењето, кога тоа не е последица од глад или од полните пелени.

1.На бебето не му е удобно - бебињата често се жалат поради тоа што не им е удобно. Мокрите пелени му сметаат на бебето, па со плачењето тоа се жали. Внимавајте облеката на бебето да е удобна,  во креветчето ништо да не му смета, проверете ја собната температура која треба да биде помеѓу 19 и 21 степен.

2.Замор - на бебињата понекогаш, дури и кога се уморни им треба помош за да заспијат. Лулкањето и мазењето се одлични за успивање.

3.Болест - ако бебето е болно, ќе плаче повеќе и погласно од вообичаено. Ако сте загрижени, отидете кај педијатар. Ако покрај плачењето бебето повраќа, има пролив, температура, тегоби при дишењето морате да го посетите лекарот.

4.Исцрпување - бебињата не сакаат многу да ги стимулираат. Многу гости или бурен ден може да го заморат бебето. Тогаш бебето место да заспие плаче. Земете го бебето во прегратка за да  почуствува сигурност.

5.Грчеви - кога бебето плаче гласно и ги собира нозете и тоа секој ден навечер, веројатно има грчеви. Грчевите се јавуваат после втората недела  и може да траат до третиот месец. Прав лек за грчеви нема. Помага чајот од коморач (див чај), но само кратко. Масирајте му го стомачето на бебето, стоплете го и останете смирени. Дури и малото бебе ја чувствува вознемиреноста на мајката.

6.Досада – и бебињата сакаат друштво. Ако не сакате да седите постојано покрај креветчето, купете му на бебето интересна шарена играчка која ќе го забавува.

Оставете коментар
Close