Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Што е Сурфактант?

Што е Сурфактант?

• Сурфактант е супстанца која овозможува алевеолите (дишните патишта) да останат отворени.
• За бебињата кои се родени без доволно сурфактант се вели дека имаат респираторен дистрес синдром (РДС).
• Терапијата со сурфактант се применува за да се спречи алвеолите да се прилепат заедно, и се помага со механичка вентилација или поддршка со кислород.
• Најголемиот дел од бебињата совршено заздравуваат од РДС додека некои бебиња имаат голем ризик за хронична белодробна болест.
Сурфактантот е супстанца која природно се создава во белите дробови а кај прематурните бебиња во зависност од гестациската недела во која се родени процесот не е целосно завршен.
Кога се раѓаат бебињата и со земањето на првиот здив ги шират алвеолите и ги полнат со воздух со што алвеолите се отвараат и треба да останат отворени за да се овозможи дишењето и добивањето на доволно кислород во телото. Тој процес на отварање и оддржување на алвеолите отворени го овозможува сурфактантот, и е клучниот дел од овој процес.
Сурфктантот е пенеста и мрсна течност, и без неа алвеолите имаат потешкотија да останат отворени и се лепат заедно.
При недостатокот на сурфктант кај предвремено бебе, истиот се дава вештачки, впрскувајќи се во белите дробови, еднаш или повеќе пати во зависност од потребите на бебето.
Сурфактантот кај нероденото бебе го започнува природниот процес на создавање во 24 недела од бременоста и постепено се надоградува се до 37 гестациска недела кога се завршува процесот на создавање на истиот.
Често е познато дека има ризик од предвремено породување, па на мајката и се даваат стероиди(зреење) кои го забрзуваат процесот на создавање на сурфктант кај бебето. Во случаевите кога предвременото породување е целосно изненадувачко и брзо, стероидите не и се даваат на мајката бидејќи истите нема да делуваат заради недостаток од време. Потребни се барем 24 часа да поминат од давањето на стероидите за да имаат ефект.

Извор: 

Facebook група за предвремено родени деца

Оставете коментар
Close