Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Совети од лекарите: Ефикасен начин да ја намалите високата температура кај децата

Совети од лекарите: Ефикасен начин да ја намалите високата температура кај децата

Како на бебето му се намалува температурата ако истата се покачи над 38,5 степени, а не е поминато доволно време од последното земање на лекот?

Антипиретиците се лекови кои ефикасно ја намалуваат покачената температура кај бебињата. Ибупрофен (Бруфен) и Парацетамол (Парацет, Ефералган...) се двата најчесто користени препарати. Бруфенот се дава орално (сируп), а Парацетамолот може да се примени и како супозитории (чепчиња). Вообичаениот дозен интервал помеѓу две дози од истиот лек е шест часа.

Кога температурата е висока и често “скока”, тој интервал може да се намали на четири часа. Тоа значи дека истиот лек може да се даде максимум шест пати во рок од 24 часа (на четири часа). Нормално, потребно е да водите грижа за дозирањето, кое е најдобро да го прецизирате со педијатар.

Со лековите се препорачува и разладување на бебето – лесно облекување и туширање со млака вода.

Бруфенот и Парацетамолот можат да се комбинираат кај бебињата, кога температурата е многу висока и често расте. Се работи за два различни лека, кои различно се елиминираат од организмот, а имаат сличен ефект кога се работи за намалување на температурата.

Нормално, и кај комбинацијата на овие лекови мора да се води грижа за дозирањето и временскиот интервал помеѓу дозите. Најдобро е да се дава комбинирано Бруфен и Парацетамол – на секои четири часа, секако, во консултација со педијатар.

Оставете коментар
Close