Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Што кога ќе се скрши живин топломер?

Што кога ќе се скрши живин топломер?

Децата повремено кршат разни предмети, а топломерите се честа мета. Не е необично детето да си поигра со топломерот, кој лесно се крши кога ќе падне на тврда подлога. Кога се работи за живин топломер тука настанува паника.

Се работи за потполно непотребна паника, но да одиме со ред.

Што да правиме кога ќе забележиме дека детето го скршило топломерот?

Најнапред треба да се утврди дали навистина станува збор за живин топломер. Голем број на топломери не содржат жива. Тоа се оние кои имаат обоен централен дел, кој ја мери токму температурата на телото. Обично се работи за темна боја, поретко црвена. Таквите топломери не се живини, па не треба да размислувате за “опасностите”, затоа што нивната содржина е безопасна.

Потоа треба да проверите дали детето се повредило, односно дали се исекло.

Најважно е да се утврди дали детето се исекло со острите делови од топломерот. Тоа е и единствената вистинска опасност од овие незгоди. Секогаш прво погледнете ги рацете – пред се прстите и дланките.

Потоа побарајте од детето да “зине”, за да утврдите случајно да не ја повредило устата. Тоа се случува многу ретко, но има деца кои го кршат топломерот додека го држат во уста. Тогаш обично се гледа исекотина на устата или на јазикот. Ако нема трагови од повреда, детето е безбедно.

Што ако навистина е жива и ако детето голтнало малку жива од топломерот?

Кога ќе се скрши живин топломер, обично се гледаат сивкасти, сјајни куглички жива недалеку од топломерот. Тоа е најчестиот извор на паника. Меѓутоа паниката не е потребна, затоа што елементарната жива која се наоѓа во топломерот е потполно безопасна по здравјето.

Опасни се солите на живата, но тие хемиски соединенија никогаш не се користат во топломерите.  Нема да верувате, но елементарната жива некогаш се користела за лечење на одредени цревни болести. Таквата терапија е одамна напуштена, но на тогашните пациенти не им штетеле ни далеку поголеми количини на жива од микроколичината која се наоѓа во топломерот.

Дали веднаш да предизвикате повраќање?

Значи, дури и ако детето голтнало некоја кугличка жива (а тоа е навистина малку веројатно) немојте да го терате детето да повраќа. Поголема штета е да се тера малото дете да повраќа, отколку користа од исфрлање на евентуално проголтаната жива.

Кога навистина треба да се јавите на педијатар?

На педијатар или на дежурен хирург треба да се јавите ако детето се повредило при кршење на топломерот. Обично се работи за мали исекотини, но најдобро е лекарот да го прегледа детето, затоа што некогаш се случува мал дел од стаклото да остане во раната или да се завлече под кожата.

Инаку, во мода се дигиталните топломери кои тешко се кршат, а не содржат хемикалии кои можат да предизвикаат непотребен страв кај родителите. Сепак, ако имате живин топломер, тој е безбеден за употреба и многу прецизен. Меѓутоа, погрижете се да не им биде на дофат на децата. Ако истиот се скрши, нема потреба за “трчање” на лекар.

Зошто повеќе ги нема во аптеките?

Не се произведуваат од еколошки причини – поради опасноста по околината. Милиони топломери можат да бидат еколошки проблем, но тоа не е причина за паника кога ќе се скрши еден живин топломер.

Оставете коментар
Close