Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Зголемен бројот на трудници со висок крвен притисок

Зголемен бројот на трудници со висок крвен притисок

Зголемувањето на бројот на трудници со висок крвен притисок станува глобален проблем.

Најголемото истражување на оваа тема покажа дека бројот на трудници кои имаат потешкотии во врска со високиот крвен притисок нагло порасна во последните 40 години, пишува порталот Science Daily.

Меѓународен тим од истражувачи анализирал податоци од 151 милион хоспитализации ширум светот помеѓу 1970 и 2010 година, како би се утврдила стапката на хроничен висок крвен притисок кај трудниците на старост од 15 до 49 години.

Истражувачите како референтна вредност на притисокот ја земале бројката од 140/90; оваа граница е малку повисока од медицински востановената нормална вредност која изнесува 120/80, а за висок го сметаат оној притисок над 140/90.

Околу 0,63 % од жените имале хроничен висок крвен притисок во текот на бременоста, а стапката со тек на време нагло се зголемила – од 0,11% во 1970 година на 1,52 во 2010 година, што е за 13 пати повеќе. Од 1979 година стапката се зголемувала во просек за 6% секоја година, покажале наодите од студијата.

-Откривме дека кај жените кои биле повозрасни кога останале бремени постоела поголема веројатност да имаат хронична хипертензија – кажа главниот автор на студијата Канди Анант, професор и шеф на Одделението за епидемиологија и биостатика на Одделението за акушерство, гинекологија и репродуктивни науки на Медицинскиот факултет во Њу Џерси.

-Бидејќи се повеќе жени се одлучуваат за одлагање на првата бременост, а годините на жената се поврзани со хроничниот висок крвен притисок, жените би требале да бидат свесни за ризикот поврзан со високиот крвен притисок во текот на бременоста – додава професорот.

Професорот Анант истакнува дека жените кои веќе имаат висок крвен притисок и планираат бременост треба да соработуваат со својот доктор за внимателно да го надгледуваат управувањето со истиот. Тоа е исклучително важно во текот на бременоста, како би се намалиле сериозни здравствени ризици за себе и за своето бебе.

Овој извештај е објавен во магазинот “Hypertension”.

Хипертензијата кај трудниците претставува ризик и за плодот и за мајката. Исто така го зголемува ризикот за смртност како и ризикот од прееклампсија, мозочен удар, болест на срцевиот мускул, прекин на работата на бубрезите и смрт.

Оставете коментар
Close